Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада 24 февруари 2018 година организира голем Донаторски банкет

Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада на 24 февруари 2018 година организира голем Донаторски банкет за помош на Македонската Глобална Координативна Мрежа – Македонија (македонските патриотски организации во Македонија). Македонската глобална координативна мрежа (Macedonian global coordinative network) е формирана од Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Меѓународното движење за човекови права на Македонците во Канада, Организацијата Обединети Македонци – Канада и Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев Ќосето“ – Канада.

Основни задачи на овој неформален глобален систем се: (1) соработка, координација и размена на искуства и информации меѓу бројните македонски патриотски организации во секоја држава одделно и во целиот свет заедно, посебно во татковината; и (2) формирање на постојан Македонски монетарен фонд за помош на македонските патриотски организации во Македонија. Организаторите дополнително ќе објават повеќе информации за настанот.

Advertisement