Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија: Македонија во преговорите со Бугарија да не отстапува од темелниот национален интерес и идентитет на Македонците

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 23 декември 2021 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија. САС на МПЦ – ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа, се наведува во соопштението од САС на МПЦ – ОА.

 

Advertisement