Македонската ракометна репрезентација ја победи Финска 27-22

Македонската ракометна репрезентација со 27-22 победи на гостувањето кај Финска и се пласираше на ново Европско првенство. Со одлична игра во второто полувреме Македонија дојде до очекуван триумф во Финска и го завери пласманот на Европското првенство. Во првото полувреме не одигравме на нашето ниво, Финска водеше и со три разлика, а на одморот домаќините заминаа со предност од 14-12. Нивниот голман Росландер правеше чудо, натпреварот го заврши со неверојатни 20 одбрани.

И во првите минути од вториот дел Финците ја одржуваат предноста од два разлика, но како се ближеше крајот така Македонија ја креваше играта, успеавме да го свртиме мечот, а на крајот да славиме и со убедливи пет гола разлика, 27-22. Лазаров и Кузмановски беа најефикасни со по пет голови,  Митревски имаше осум одбрани, Томовски седум. Со оваа победа на коло до крајот Македонија го завери пласманот на Европското првенство. Во недела од 18 часот го играме последиот натпревар во квалификациите, ја пречекуваме селекцијата на Швајцарија.
Advertisement