Македонската репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1

Македонската репрезентација до 21 година ја победи Црна Гора со 2:1 на последниот натпревар од групата 6 во квалификациите за Европското првенство 2021. Со домашниот триумф против црногорците, нашата млада репрезентација го потврди второто место во конкуренцијата. Од нашата група, Шпанија го освојува првото место и обезбедува пласман на континенталниот шампионат. Македонија со 18 бодови завршува на второто место.

На мечот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија до 21 година одигра одличен натпревар и покрај отсуството на неколкумина стандардни провотимци. Марко Ѓорѓиевски во 13. минута го отвори резулатот по одлично проигрување на Бојан Миовски. Имавме уште две прекрасни шанси за удвојување на предноста до полувреме, но ударите на Миовски и Ѓорѓиевски со глава успеа да ги одбрани голманот на Црна Гора, Ивезиќ. Во второто полувреме, во 73. минута, Кристијан Ацковски постигна погодок со удар од шеснаесетина метри, но судијата го поништи поради наводен фаул врз голманот на гостите. Сепак, македонската репрезентација стигна до 2:0 во 77. минута кога Бојан Миовски реализираше пенал. Црна Гора имаше прилика во 83. минута за намалување на предноста, но не погодија. Тоа го направија преку Марко Крстовиќ во 86. минута за конечни 2:1.

МАКЕДОНИЈА до 21 година: Ристо Јанков, Блертон Шеји (Филип Антовски 46`), Никола Серафимов, Оливер Стоименовски, Тодор Тодоровски, Давор Здравковски (Агон Елези 55`), Јани Атанасов (Енис Фазлагиќ 55`), Кристијан Ацковски, Кристијан Трапановски (Стојанов 55`), Марко Ѓорѓиовски, Бојан Миовски; Селектор: Благоја Милевски

Advertisement