Македонската заедница во Малта дава целосна поддршка на македонскиот кандидат за пратеник во албанското собрание Васил Стерјовски

Македонската заедница во Малта дава целосна поддршка на македонскиот кандидат за пратеник во албанското собрание Васил Стерјовски. Васил во изминатиот период покажа и докажа дека македоноското малцинство во Албанија е лојано кон матичната држава, но и дака Македонците од Албанија имаат свои потреби и проекти кои треба да бидат реализирани. Со своето присуство во парламентот се слушна и гласот на Македонците на македонски јазик како и беа реализирани поголем број на проекти кои се од исклучителен интерес за Македонците во Албанија. Затоа Ве повикуваме сите Македонци кои живеете во Албанија и имате право на глас во недела 25.04.2021 да излезете и да го дадете својот глас за вистион македонски патриот г-дин Васил Стерјовски со заокружување на бројот ✍🏻 1️⃣2️⃣ Поддршката за Васил Стејовски е поддршка за силно и просперитетно македонско малцинство во Албанија. – стои во соопштението на Македонска заедница во Малта.
Advertisement