Македонската заедница во Хунза во Пакистан изразува огорченост од промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација

Македонската заедница во Хунза во Пакистан изразува огорченост од промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација. Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Хунза, Ирфан Карим во врска со промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација за СМК-Австралија изјави:

Не се согласувам со каква било промена на името, идентитетот, етничката припадност, културата или историјата на Македонската нација, Македонија ја чувствуваме како наша земја, како наша прататковина. Македонците Хунза со задоволство ќе се приклучат во борбата со другите патриоти Македонци, во светот и во Македонија, за да ја спречиме владата на Заев да го продаде она што ни припаѓа на сите нас, кои се идентификуваме за Македонци.

Во демократскиот свет, особено во Европа, сите луѓе се слободни да ја изразат својата религија, култура, јазик, идентитет и етничка припадност и да имаат основно човечко неотуѓиво право на самоопределување.

Ја повикуваме меѓународната заедница да им помогне на Македонците, бидејќи овие договори се спроведуваат против волјата на Македонскиот народ. Македонија мора да биде суверена држава, треба да им се овозможи на сите Македонци ширум светот да го зачуваат основното човеково право на свој идентитет! Апелираме до моите Македонци браќа и сестри во светот, Македонците Хунза стојат со вас во молбите и напорите за зачувување на Македонија и на Македонската нација.“

Advertisement