Македонската заедница во Малта на средна со премиерот на Малта 

Претставници на Македонската Заедница во Малта предводени од претседателот на Македонската Заедница во Малта г-дин Максимилијан Казаков остварија историска средба со Премиерот на Малта г-г-дин Јосеф Мусцат на која присуствуваше и Министерката Европски прашања и еднаквост г-ѓа Хелена Дали. Бевме срдечно пречекани и наидовме на големо разбирање и соработка од страна на Премиерот.

На средбата се разговараше на повеќе теми кои се од интерес за македонските граѓани и тоа:

-проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани , а особено се освранвме за влез во државата
-потешкотии и непријатности кои се појавуваат при аплицирање за работна дозвола
-се осврнавме и на потребата за конечно и системско решавање на проблемот со високите цени за сместување и манипулациите со кои се соочуваме од страна на некои сопственици на станови
-разговаравме за можноста за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Малта на економски но и на културен план .

Премиерот ни укажа дека поради зголемениот интерес на странски државјани кои доаѓаат да работат во Малта од суштинско значење е системот за проверка за влез и излез да биде согласно европските регулативи со цел избегнување на нелегална миграција. Во наредниот период работни тела од наша страна заедно со миграционата полиција ќе остварат состанок. Скорешните реформи кои ќе ги спроведе Владата ќе го подобрат квалитетот на услугите при добивање на работни дозволи. Владата веќе работи на изнаоѓање на начин за контрола на високите цени за сместување на што ни укажа министерката на оваа средба.

Македоснката Заедница во Малта ќе биде дел од повеќе владини комисии и тела кои работат на подобрување и интегрирање на не Малтешките заедници кои живеат и работа во Малта. Ова за нас како заедница е од исклучително важно, а се со цел да го подобриме статусот на Македонсците во Малта. Премиерот и Министерката искажувајки се со пофални зборови ги охрабрија младите македонци да продолжат достоинствено да се претставуваат во Малта и да ја одржуваат одличната репутација која ја уживаат како Македонска заедница.

Во знак на Благодарност за приемот од страна на Премиерот му подаривме икона со ликот на Исус Христос како симбол на христијанството на кои припаѓаат двата народи, добро познато Македонско вино , слика со ликот на Мајка Тереза како и рачно изработени филиграни ПАФТА ( невестински украс од 18 век ). Би сакале да се заблагодариме за срдечниот пречек, големото разбирање како и пријатна атмосфера во која се одвиваше оваа средба. Понатамошната соработка на обострано задоволство продолжува .

Advertisement