
Македонската женска ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за бараж за СП во Шпанија, откако го совлада Исланд со 24-17 (12-8), со што е блиску до местото во баражот за Мундијалот.
Неверојатна партија имаше Сара Ристовска која постигна 11 голови, зад неа Елена Ѓорѓиевска запиша шест гола. Придонес во победата даде и голманката Матеја Серафимов со 9 одбрани.
И покрај лошиот старт на мечот, и предноста на Исланд од 7:2, нашите ракометарки имаа неверојатна серија од 9:1, за 11:8 на полувремето.
Во вториот дел Исланд само создаде проблеми на стартот откако по 5:1 го врати водството. Потоа следуваше „експлозија“ на Македонија за конечни 24:17. Утре против Литванија ќе се оди на победа за дефинитивно обезбедување на место во баражот за СП.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden