Македонски клуб “Илинден”-Латцен, Хановер одземањето на правото на глас на Македонската диаспора е неприфатливо

Македонски клуб “Илинден”-Латцен, Хановер во името на Македонската заедница во Долна Саксонија, Сојузна Република Германија ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на глас на македонците надвор од татковината Реублика Македонија го повикуваме ДИК да овозможи повторна регистрација на гласачите од дијаспора како основно право на секој државианин на Република Македонија. За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Mакедонците надвор од татковината Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор.

Бидејќи ние Mакедонците надвор од Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Македонија се клучен партнер на татковината Македонија и  интегрален елемент за унапредување на Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Затоа Македонците надвор од Македонија мора да го уживат правото на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на татковината Република Македонија.- стои во соопштенето на Македонски клуб “Илинден”-Латцен, Хановер.

Advertisement