Македонски штанд во Истанбулскиот универзитет за Европскиот Ден на Јазиците

Во организација на словенската катедрата на јазици при Истанбулскиот универзитет за литература од стрна на одделот за македонски јазик имаше штанд со пропаганден материјал на различни теми музика, природа, култура, културно наследство на Македонија штандот побуди голем интерес кај посетителите.

Македонскиот јазик се изучува од 1985 година како изборен предмет во Истанбулскиот универзитет, моментално има запишани 130 студенти, лектор е – м-р Марина Цветаноска.

Истанбулскиот универзитет бил основана на 23 јули 1846 година, како претходник на универзитетот се смета дека е медресата која била основана веднаш откако османлискиот султан Мехмед II го зазел Константинопол во 1453 година.

Низ цела Европа, 800 милиони Европејци застапени во 47 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштaтa. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира плурилингуализам во цела Европа. По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците се слави секоја година од 2001 година на 26ти Септември – заедно со Европската комисија.

Advertisement