Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со генералниот директор на пристаништето Пиро Венгу

Македонскиот амбасадор г-дин Данчо Марковски на 19. 11. 2021 година, беше во посета на Драч. Покрај другите активности, тој оствари средба со генералниот директор на пристаништето г-дин Пиро Венгу, кој го информирал за начинот на функционирање на пристаништето, потоа за големата инвестиција од ЕМАР за изградба на новото пристаништво на Драч.

Фокусот на состанокот беше да се зголеми обемот на трговијата меѓу двете земји: подобрување на услугите за македонските оператори во пристаништето Драч, завршување на патот Арбер и други регионални проекти за интерконекција долж Коридорот VIII, со што би имало потенцијал Драч да прерасне во пристаниште кои ќе биде примарна станица за трговијата кон и од Македонија.

На крајот на средбата, македонската делегација била и во терминалот на траектот, од каде транзитираат илјадници граѓани на Македонија за нивното движење кон Европа. Очекувањата од средбата се големи, а иднината е покаже дали се остварливи.

Advertisement