Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со градоначалникот на општина Елбасан, Гледиан Латја

Во рамките на програмските активности на Амбасадата на Македонија во Тирана за поттикнување на регионалната и локалната соработка помеѓу Македонија и Албанија, амбасадорот Данчо Марковски оствари посета на градот Елбасан. На работната средба со градоначалникот на општина Елбасан, Гледиан Латја, беше истакната досегашната добрата соработка на градот Елбасан со три општини на Македонија (Кичево, Тетово и Чаир) како и заинтересираноста за воспоставување контакти и со други општини на Македонија. Македонскиот амбасадорот Данчо Марковски заедно со градоначалникот на општина Елбасан, Гледиан Латја го посети и Манастирот Свети Јован Владимир.
Во разговорот беа разгледани темите за економско поврзување, при што беше договорено во блиска иднина да се одржи и Б2Б настан во Елбасан со учество на македонски и албански компании. Акцент беше ставен и на културната соработка, како и туристичката понуда, конкретно заеднички настап туристичките асоцијации, со понуда за посета на црковни и манастирски објекти со историско значење. Градоначалникот на Елбасан Латја замоли за поддршка од амбасадата околу воспоставување комуникација со општината Крушево, со цел прибирање искуства за организирање на палаглајдерски спортски натпреварувања.
Advertisement