Македонскиот амбасадор Данчо Марковски освари средба со Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан

Амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Република Албанија, Данчо Марковски, придружен од Сашко Ташулов, советник во Амбасадата, денеска оствариа средба во просториите на Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан со Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан.

На средбата беа присутни Марио Рингов преставник на Македонија во Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан, на средбата имаше дискусии со цел размена на мислења за процесите на регионална соработка и добрососедските односи.

Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во Западен Балкан, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Главни цели на Фондот на Западен Балкан се да ја зајакнат соработката меѓу нејзините членки, да ги зајакнат односите и регионалната кохезија и секако да ја унапредат интеграцијата во Европската унија.

Фондот на Западен Балкан финансиски поддржува мали и средни проекти со главна цел: зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во следните 4 клучни области: образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој. Членовите на персоналот доаѓаат од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, и Тирана.

Advertisement