Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во посета на Македонскиот штандот во меѓународниот саем во Тирана

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски, придружуван од министерот- советник Сашко Ташулов и вториот секретар Блерта Сали беа на посета на Македонскиот штандот во меѓународниот саем во Тирана.

Ова година за прв пат на заеднички штанд, во организација на Инвестицискиот форум на Коморите на Западен Балкан (WB6 CIF) учествуваа 31 компании од земјите од регионот, меѓу кои и македонски фирми, вчера го посетија штандот на WB6 CIF, и реализира средби со присутните македонски компании како и со претседателот на Стопанска Комора на Македонија, Бранко Азески.

Во непосредниот разговор беше истакната подготвеноста на амбасадата да помогне при воспоставување на контакти и други неопходни информации поврзани со албански фирми. Беше потенциран сериозниот потенцијал кој го нуди Албанскиот пазар.

Advertisement