
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари средба со амбасадорот на Швајцарската конфедерација Адриан Маитре (Adrian Maître), информираа од амбасадата.
Корисен разговор со амбасадорот на Швајцарската конфедерација Adrian Maître на кој беа разменети мислења и искуства применливи во секојдневната билатерална соработка на државно и локално ниво. Практикувањето на современите дипломатски методи на швајцарската дипломатија во Албанија корисни и применливи и за нашиот настап и работа во оваа пријателска земја, стои во објавата на амбасадата. Се додава дека меѓу другите, како посебно интересен е оценет – проектот за поддршка на локалната самоуправа за ефикасно управување со испораката на услуги врз основа на потребите на граѓаните.
Целта е на општинските совети да им се овозможи подобро да ги застапуваат интересите на граѓаните и да обезбедат добро управување со јавните ресурси. Поставувањето доверлив и ажуриран локален статистички систем ќе овозможи информирано донесување одлуки. Преку овие подобрувања, граѓаните ќе имаат корист од подобри услуги како што се отпадот и предучилишното образование и активно ќе се вклучат во локалните прашања, посочуваат од амбасадата.
Марковски, деновиве имаше средба со новиот српски амбасадор во Тирана, Слободан Вукчевиќ, а претходно и со амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Македонија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden