Македонскиот документарец “Кеиф“ на фестивали во Поградец, Белград и Измир

Македонскиот документарец „Кеиф“ во продукција на „Авард филм и видео“ и во режија на Блаже Дулев, на 24 септември ќе биде прикажан на фестивалот за музички документарен филм „Док енд ритам“ во Белград, а во средината на октоври филмот ќе биде дел и од фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, Турција. На 15 септември тој беше прикажан и на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“ во Поградец, Албанија.

Покрај проекциите на „Кеиф“, на наведените фестивали „Авард филм и видео“ ќе учествува и со две ко-продукции – албанскиот игран филм „Отоворена врата“ во режија на Флоренц Папас, кој ќе биде прикажан на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“ во Поградец и хрватскиот докуметарен филм „Туста“, во режија на Андреј Коровљев, кој ќе учествува на фестивалот „Док енд ритам“ во Белград.

На фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, пак, ќе биде прикажан играниот филм „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски.