Македонскиот параглајдерист Борјан Јованоски е победник на 22ри “Албaнија Опен Фест”

Голема победа за македонските параглајдеристи на 22рото издание на Албанија Опен Фест, традиционален меѓународен настан од висока ФАИ2 категорија. На брегот на Валона силите ги одмерија пилоти на крила од многу земји но победничкото место беше наменето само за една. Првото место, во поединечна категорија, по тешка борба до самиот крај заслужено му припадна на нашиот Борјан Јованоски, спортист од светска категорија.

Оваа победа за него има особено значење бидејќи е третиот од фамилијарната тројка Јованоски кој се закитува со титула на овој конкретен настан. Со Борјан, подиумот го поделија Горан Ѓурковиќ од Србија и Матјаж Слуга од Словенија. Борбата беше тешка бидејќи сите тројца се пилоти од светски ранг. Комплетната екипа параглајдеристи кои отидоа за Валона особено ни го избелија образот како држава бидејќи и екипно освоивме ПРВО место.

Advertisement