Mакедонскиот репрезентативец Ристо Клопчевски е првото засилување на ОК Вардар за наредната натпреварувачка сезона

Повремениот македонски репрезентативец Ристо Клопчевски е првото засилување на ОК Вардар за наредната натпреварувачка сезона. Средниот блокер кој важи за „дете на Вардар“ минатата сезона ја мина во дресот на Тетовски Универзитет, но летово постигна договор со управата на „црвено-црните“ за камбек во матичниот клуб. Со трансферот на Клопчевски „вардарци“ ја потенцираат желбата за составување на квалитетен тим, во кој шанса ќе доијат и дел од младите и талентирани одбојкари, но и играчи кои во минатото го носеле црвено-црниот дрес.

Advertisement