Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и го донесе првото сребро на Македонија од Олимписките игри Токио 2020

Прв сребрен медал за Македонија на Олимписките игри во Токио. Нов спортски херој е Дејан Георгиевски кој во финалето од натпреварот во таеквондо во категоријата над 80 килограми беше поразен од апсолутниот фаворит Владислав Ларин од Русија.

Претходно, за пласман во големото финале на Георгиевски му беа потрбни околу 3 часа, во кои оствари 3 сигурни победи.  Во мечот од осмина финалето македонскиот репрезентативец го совлада светскиот првак Рафаел Алба од Куба со 11-8. Во четврт финалето пак беше подобар од репрезентативецот на Брегот на слоновата коска Сејду Губане со 9-4, а рутински го доби и полуфиналниот дуел протиов Koreecot Кјо Дон Ин со 12 – 6, кој важеше за голем фаворит за златото.

Честитки за победата упати и државниот врв.

Инаку ова е второ одличје од ОИ од осамостојувањето на Македонија. Првиот медал го освои борачот Могамед Ибрагимов на Олимписките игри во Сиднеј, Австралија, 2000 година. Тој во категоријата до 85 килограми го освои бронзениот медал.

Advertisement