Македонските навивачи го „окупираа“ Букурешт пред историското деби Македонија – Австрија (ФОТО)

Македонските навивачи вчера и денеска го окупираа главниот романски град Букурешт, пред вечерашниот прв натпревар од ЕУРО 2020 против Австрија. Навивачи на Македонија може да се забележат секаде низ улиците на главниот град на Романија. Вечерва ќе има супер атмосфера и на трибините на Националната Арена каде што Македонија ќе дебитира на едно големо натпреварување. Атмосферата е загреана, останува сега само сите да се преселат на стадионот, и да дадат поддршка. А, фудбалерите на теренот да дадат максимум за добар резултат, а тоа е победа и три бода.

Advertisement