Македонските партии и изборите во Србија!

Завршија и последните избори во Србија /претседателски, парламентарни и локални за Белград и уште неколку општини/  кои се одржаа на 03. 04.2022 година.

Познати се резултатите. За претседател на Србија, повторно е избран досегашниот претседател, Александар Вучиќ. Следи конституирање на Собранието на Србија и избор на нова влада.

За Собранието на Србија, кое брои 250 члена, беа пријавен 19 политички партии – коалиции. Седум мнозински политички партии-коалиции освоија 237 мандати а 5 малцински партии освоија 13 мандати, по следното: Унгарците со СВМ на Иштван Пастор со 6 мандати, Партијата за правда и помирување од Бошњаците, Муфтијин аманат на Зукорилиќ со 3, Партијата за демокократска акција на Бошњаците на Угљанин со 1 мандат, коалицијата Заедно за Војводина-Војвоѓани, каде е и Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина со 2 мандата и Колацијата Албанска долина, со 1 мандат.

За изборите за Белград, учествуваа 12 партии, свои одборници обезбедија 7 партии, од тоа ниту една малцинска партија.

Во Србија се регистрирани 116  политички партии, од тоа 70 како малцински партии на шеснаесет малцинстваи, и  од нив,  3 партии на Македонците.

Првата наша партија, ДПМ – Демократска партија на Македонците, основана е на 20.05.2004 година, втората СМС – Партија на Македонците во Србија основана на 17.01.2016 година и третата МАКСС – Македонска партија во Србија, основана на 27.04.2016 година.

ДПМ, од своето основање во 2004 година, најголемиот успех го имаше на почетокот, кога имаше свои одборници во неколку општини во Војводина, потоа во 2012 година, кога го добивме првиот пратеник Македонец /сега покојниот Миле Спировски од Јабука/ во коалција со СНС – Српска напредна странка, која сеуште е на власт. На локално ниво, оваа партија имаше свој одборник во мандатот 2012-2016 и во мандатот 2016-2020 гоидна, во град Панчево, со 1 одборник, во коалиција со листата на СПС на Ивица Дачиќ.

Втората партија СМС, учествуваше за локалните избори во 2016 година и имаше свој советник  само во општина Горњи Милановац, во коалција со СНС.

За парламентарните избори во 2020 година, ДПМ учествуваше на изборите во коалција со партијата на Зукорлиќ, која тогаш освои 4 мандата, а потпреседателот на ДПМ беше на 7.мо место. Другите две наши партии во 2020 година, не учествуваа на изборите со свои кандидати, ниту самостално, нити во коалција.

За овие избори 2022 година, ДПМ, не учествуваше на изборите и званично не поддржаа ниту една партија – колација.

Другите две македонски партии, СМС и МАКСС за овие избори ја поддржаа колацијата на опозицијата „Обединети за Србија“ за парламентарните и изборите во Белград. Претседателот на СМС беше кандидат на 97.мо место на листата за Собранието на Србија, а претседателот на МАКСС, беше кандидат на листата за Белград, на 41.во место, што според освоените мандати на оваа коалиција, не обезбедува мандат.

Нажалост, и после овие избори, Македонците ќе останат без претставник во Собранието на Србија, собранието на АП Војводина, град Белград и ниту еден советник во некоја општина во Србија, како претставник на некоја од трие наши партии.

Постојат повеќе причини зошто и после овие избори, немаме пратеници во собранијата на Република Србија и АПВојводина, ниту советници по општините, но тоа ќе им го оставиме на раководствата на партиите, да си извршат анализи и да се подготвуваат за следни избори.

Да видиме како е кај  другите малцински партии, како тие „успеваат“, што можеме да научиме од нив. Одговорот е јасен. Иако има регистрирано толку многу малцински партии, овие партии не се тие кои ја водат политиката на државата. Они треба секогаш да обезбедат свои пратеници/советници, дали самостално или во колација со некоја партија/коалиција и да обезбедат постојано учество во власта, заради подобро остварување на своите малцински права. Тоа треба да го научиме.

Од сите малцинста кои имаат свои партии, Унгарците, Хрватите, Бошњаците, Албанците и Словаците имаат свои пратеници во Собранието на Србија и АП Војводина и советници по општините, а покрај овие само уште две малцински партии имаат  советници во некои од општините.

Почетокот на нашата неслога се виде за изборите во 2012 година, „со погрешната проценка“, кога САМС – Сојузот на здруженијата/асоцијациите на Македонците во Србија, издаде соопштение со отворена подршка на дотогашната ДП – Демократска партија на власт на Тадиќ, кога претседателот на Националниот совет на Македонците, се најде на 107.мо недобитно место на таа партија, а претседателот на ДПМ, во коалиција со СНС се најде на високо 26 место и сигурно се знаеше дека ќе биде пратеник во Собранието на Србија.

За овие избори, секоја партија „со своја проценка“. ДПМ званично не поддржа никого,  а  другите две партии во колација со различни партии од опозицијата, ја поддржаа нивната заедничка листа. За овие избори, кога условите со 3% цензус и погодностите за малцинските партии беа најповолни од кога било порано, „добитна“ комбинација, идеално ќе беше сите три наши партии да излезеа самостално, како коалиција „МАКОС – Македонски обединети сили“.

Лесно можеа да се договорат, од која партија ќе биде кандидатот за пратеник. Со 5.000 потписи подршка за кандидатура на листата и со освоени околу 10.000 гласа, сигурно ќе имавме пратеник.

Оние 22.755 Македонци колку не има званично во Србија по попис од 2011 година, сигурно ќе гласаа за нашата коалиција „МАКОС“ како подршка на тоа дека конечно Македонците се сложни и заедно.

Ако пак оваа коалиција, се најдеше како последна, 19.та, на заедничката листа, колку што имаше листи за овие избори, ќе ги добиевме и гласовите на „неопределените“ кои побргу ќе гласаа за нашата коалиција отколку за некоја друга партија, со што можевме да освоиме и два мандати.

Ако обезбедевме само еден пратеник, месечните уплати за една коалиција-партија во параламентот на Србија со еден пратеник, се околу  380.000 динари.

Тој износ поделен на трите партии ќе беше доволен за работа на одборите на трите партии, ширум Србија, да се подготвуваат за следните покраински и локални избори во 2024 година

Како понатаму?

Во текот на 2013 година, донесена е првата „Национална стратегија на македонската национална заедница во Република Србија, 2013-2023“, потпишана од страна на Националниот совет на Македонскста национална заедница во Србија, САМС – Сојузот на асоцијациите на МНЗ и од ДПМ /тогаш единствената политичка партија на Македонците во Србија, другите две партии тогаш не беа формирани./

После овие избори, време е, да се почне со подготовка, изработка и донесување на нова Национална стратегија на Македонците во Србија. Време е „стратегиски“ да размислуваме за остварување на „реалните“ политичките цели на Македонците во Србија, 1 пратеник во Собранието на Србија, 2 пратеника во Собранието на АП Војводина и повеќе од 20 советници по општините. Тоа го покажуваат анализите, проценките, врз основ на резултаите од сите други малцински партии./Г.С

Advertisement