Македонските ракометари со победа над Украина 26:25 го почнаа Европското првенство 

Со победа над Украина од 26:25 македонските ракометари го почнаа настапот на Европското ракометно првенство во Виена , Австрија. Со драматична завршница и голот на Кире Лазаров , македонските ракометари ја надиграа репрезентацијата на Украина за конечен резултат од 26: 25. Херој на натпреварот беше и голманот Никола Митревски , кој ја бранеше речиси секоја втора топка упатена кон неговиот гол. Првото полувреме заврши со водство на нашите репрезентативци од 13: 10.