Македонско друштво “Илинден”-Тирана е вознемирена за влошеното здравје на Едмонд Темелко и бара ослобудување

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо е вознемирена за влошеното здравје на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бараат итно ослободување и апелира до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори за да помогнат да се дозволи потребната лекарска нега за Едмонд Темелко.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо им се придружува на претседателите на Македонија и на Албанија кои веќе изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко. Ваквата загриженост добива уште поголемо значење поради неговото апсење. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо држењето во затвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Advertisement