
Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува злоупотребата на Софија кои со децении пласира дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Отстранувањето на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ. Тоа ја легитимира злоупотребата на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги потсетува бугарското раководство дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се исторски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме – стои во соопштението, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden