Македонско друштво „Илинден“-Тирана со остра реакција на изјавата на екстремистот Арбен Лала

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, остро реагираше на изјавата на албанскиот историчар Арбен Лала, кој сопругот на актуелната министерка за образование Линдита Никола, по потекло Македонец, го нарекува славо-македонски екстремист а друштвото „Илинден“ словенско, финансирано од Груевски и Мијалков.

Сопругот на Линдита Никола, Лигор Никола е еден славо-Македонец, словенски екстремист, кој има територијални претензии кон Албанија, основач и почесен претседател на словенското друштво „Илинден“, со години финансирано од Груевски и Мијалков, – обвинува Лала.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана целосно ја отфрла ваквата изјава. Остро ја осудуваме изјавата,која е целосно неточна,преполна со невистини и негови халуцинаци и апелираме до Лала и до сите сомнителни гругови да престанат со фабрикувани изјави. Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара од Владата на премерот Еди Рама и од мисијата на ОБСЕ да интервенираат кон ваквите личности,кои предзвкуваат омраза кон малцинствата, стои во реакцијата на „Илинден“. Друштвото бара Арбен Лала да ја повлече изјавата и јавно да се извини,зашто во спротивно ќе поднесе кривична пријава за поттикнување омраза.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана дава голем придонес во заштитата на правата на Македонците во Репшублика Албанија и негувањето на добрите меѓуетнички односи во земјата. Силно е определно и работи на унапредување на односите и соработката меѓу Македонија и Албанија,- стои во реакцијата на Македонско друштво „Илинден“-Тирана потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.