Македонско-Горанската заедница на Косово – дел од владиниот пакет од 2 милиони евра помош за малцинствата

Владата на Косово ќе додели пакет помош од 2 милиони евра за малцинските национални заедници кои што ќе се одобруваат преку Канцеларијата за заедници, предводена од Иван Милојевиќ, од Кабинетот на Премиерот. Македонско-Горанската заедница на Косово ќе биде дел од пакетот помош  што ќе се додели за правни лица, како и за невладиниот сектор загрозени од пандемијата Ковид 19.

На следниотт линк http://www.zck-ks.net/?page=1,4,289JAVNI може да се аплицира за добивање на средства, за Мерката 9, /„подобрување на животот на немнозинските заедници и нивно економско закрепнување“ Го повикувам невладиниот сектор, како и ранливите мали и средни претпријатија да аплицираат за ублажување на загубите предизвикани од пандемијата Ковид 19. – напиша на свјата официјална Фејсбук страна Адем Хоџа, Претседателот на партијата „Единствена горанска партија“ и Пратеникот од областа Гора во Собранието на Косово.