Македонско-Горанската заедница во Косово упати порака за солидарност и понуда за подршка за Македонците во Албанија

“Почитувани пријатели, денеска сочувствуваме со вас и жалиме за изгубените животи во катастрофалниот земјотрес. Се надеваме дека вие сте добро и во пожелувам здравје и бериќет во името на целата Македонско – Горанска заедница во Косово. Ние сме ви на располагање за секаква помош”, пишува во писмото на Македонска Горанска заедница од Косово потпишано од Адем Хоџа до македонското друштво “Илинден” од Тирана.

Advertisement