
Потпретседателот на ФУЕН Госта Тофт оваа посета ја оцени како необичен работен ден. На Фејсбук страницата на оваа организација беше напишано дека делегацијата на ФУЕН беше во посета на здружението на македонското малцинство во Грција.

„Ова е наша стандардна практика со цел да ги провериме локалните структури и нашите критериуми за прием. Воодушевени сме од гостопримството. Благодарам“, пишува на Фејсбук страницата на ФУЕН.
„Нашите гости беа импресионирани од посебната убавина на нашето место, но и од вкусовите на нашата кулинарска традиција. Се надеваме дека наскоро нашата организација ќе биде членка на големото „семејство“ на ФУЕН“, напишаа на својата Фејсбук страница Македонското движење за унапредување на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“.

Во ФУЕН членуваат повеќе од 100 организации на автохтоните национални малцинства од 35 европски земји.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden