Македонското меѓународно движење за човекови права: Донирајте потребни сте и на Македонија

Дали навистина ќе барате белешка за поврат на данок пред да помогнете да се спаси вашиот народ? Според законот, спасувањето на македонското име и историја, и помагањето на активности за да се заштитат човековите права низ сите делови на поделената Македонија не се смета за хуманитарна активност. Дали тоа ќе ви биде проблем за да се ангажирате? Донирајте веднаш. На Македонија и на Македонците им е потребна вашата помош.

Секој нов ден носи нови напади врз Македонците насекаде низ светот, но особено во деловите на поделената Македонија. Бугарија без престан го потиснува нашиот македонски идентитет на својата територија и ги засилува обидите да ги претопи Македонците од Албанија во „Бугари“. Но, сега, за првпат имаме македонски член на албанското Собрание што ни дава можности да се спротиставиме какви што немавме досега.

Грција го користи анти-македонскиот „Преспански договор“ – со кој официјално се негира постоењето на Македонците било каде во светот – да го оправда својот геноцид врз нашата култура. Но сепак, Македонците во Егејска Македонија го слават своето македонско наследство со безброј патриотски македонски фестивали – и со тоа ги отфрлаат уцените на неонацистите спонзорирани од грчката Влада.

Македонците во Пиринска Македонија гордо ги слават нашите херои Гоце Делчев и Јане Сандански, и одбиваат да се откажат од нашиот идентитет и историја и покрај заканите на бугарската тајна полиција.

Македонците во Република Македонија се борат против своите сопствени политички партии, кои или извршија предавство, или не прават ништо да го спречат предавството. Македонците во СИТЕ делови на Македонија се единствени во одбраната на нашето име.

Македонското меѓународно движење за човекови права е водечката организација која финансира и поддржува проекти за заштита на човековите права и на нашето македонско име и идентитет. Ние никогаш нема да се предадеме. Ние се бориме против угнетувањето на Македонија од страна на ЕУ и САД. Ја осудуваме западната поддршка на нашите угнетувачи и нивните кампањи за културолошки геноцид против Македонците. Ние активно ги браниме сите делови на Македонија и Македонците насекаде.

Од вас бараме да ни се придружите. Да им помогнете на своите браќа и сестри. Гк повикуваме сите Македонци да се приклучат и да донираат кој колку може. Ако 1.000 луѓе месечно донираат 10 или 30 долари (еден долар дневно) или 100 долари, тоа многу би ни помогнало во нашата борба. Ако можете да си дозволите повеќе, донирајте повеќе. Другите народи се помагаат меѓу себе кога се во невола. Македонија и Македонците се соочени со криза која го загрозува нашето натамошно постоење како етничка група. Посетете ја оваа страница и донирајте уште денес: mhrmi.org/donations

Нашето име е Македонија. Помогнете ни да го спасиме.