Македонското меѓународно движење за човекови права ја поддршува одбраната на центарот за македoнски јазик во грција

По неговото регистрирање, Центарот за македонски јазик во Грција, лоциран во Лерин, се соочи со бројни тужби поднесени со цел да се поништи неговата регистрација.

До денес, вкупно девет тужби се поднесени од разни организации, политички партии и, пред се, од јавниот обвинител на Лерин. Овие анти-македонски постапки се прават со цел да продолжи потиснувањето на правата на Македонците во Грција.

Центарот за македонски јазик во Грција нуди бесплатни часови преку интернет за ученици од сите возрасти кои сакаат да го подобрат своето знаење или да го научат мајчиниот македонски јазик, кој Грците со генерации го сузбиваат.

Центарот работи и на воведување на официјално изучување на македонскиот јазик во училишната програма во Грција, во согласност со меѓународните стандарди за заштита на човековите права.

Македонците во Грција живеат во непријателска средина и секојдневно се бомбардирани со говор на омраза од грчките политичари, медиуми и од јавноста, а ова алармантно се засили по отворањето на Центарот.

Бројот на тужби со кои се прави обид да се спречи учењето на македонскиот јазик во Грција постојано се зголемува. Македонското меѓународно движење за човекови права ја повикува меѓународната заедница да испрати соопштенија за одбрана на основните човекови права на Македонците.

Македонците заинтересирани да го поддржат Центарот за македонски јазик во Грција во претстојните правни борби, можат да помогнат преку оваа страница – mhrmi.org/donations

Advertisement