
Во чест на големиот верски празник Свети Архангел Михаил, кој е заштитник на Македонците од Мала Преспа, друштвото “Мала Преспа“ од Канада викендов што измина го одржа својот годишен банкет. Присуствуваа бројни гости од Канада и САД, кои со оркестарот “Бисер“ славеа до утринските часови.
На настанот присуствуваа високи претставници на македонските православни црковни општини и македонските организации во Канада. Свои претставници имаше и играорната група “Илинден“ при Македонската православна црковна општина “Свети Илија“ од Мисисага.
Банкетот за Свети Архангел Михаил беше исполнет со добра храна, дружење и прекрасна веселба со ора и песни, а забележливо беше присуството на наследниците, новата генерација Македонци кои ги има во се’ поголем број на забавите, посебно кога станува збор за едно од најстабилните и најмоќните друштва во Канада какво што е “Мала Преспа“.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden