Македонците од Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ

Областа Гора се наоѓа на тромеѓата Косово, Албанија и Македонија, населена е со автохтони етнички Македонци од исламска вероисповед, познати како Горани или Горанци. Гора зафаќа 370 км2, со надморска височина од 1.000 м до 1.300 м. Во Гора, после Титов Врв на Шар Планина, се наоѓа највисокиот врв Трпежница со 2.160 м.

Во областа Гора живеат околу 40.000 Македонци од исламска вероисповед во 20 села на Косово (Рестелица, Глобочица, Крушево, Зли Поток, Брод, Бачка, Млике, Враништа, Орчуша, Мал Крстец, Голем Крстец, Диканце, Љубоиште, Лештане, Горна Радеша, Долна Радеша, Кукаљане, Горна Рапча, Долна Рапча, со општински центар во Драгаш), 2 села во Македонија (Урвич и Јеловјане) на Шар Планина и 10 села во Албанија (Очикље, Запот, Кошариште, Пакиша, Оргоста, Црнољево, Орешек, Борје, Ново Село, Шиштеец, со општински центар во градот Кукс). Областа Гора е богат крај со води и пасишта, но економски неразвиен и неискористен.

Од 1990 година во Гора живееле околу 16.000 Горани, со војната на Косово иселени се околу 4.000 Горани и нивниот број денес изнесува околу 12.000. Меѓутоа од 1945 до 1990 година од Гора иселени се два до трипати повеќе Горани отколку што денес живеат на Косово, како печалбари, на сите меридијани на земјината топка. До 1990 година наставата се изведува на српски јазик, но поради домицилните наставници, таа се изведува на горански дијалект на Македонскиот јазик.

Етнички Македонци со исламска вероисповед живеат и во областа Призренска Жупа. Нив УНМИК ги именува како “муслимански словени“. Во Призренска Жупа денес живеат околу 35.000 Македонци во следните места: Локвица, Јабланица, Грнчаре, Небрегоште, Горна Љубиња, Речане (мешана населба со Македонци, Албанци и Срби), Плањане, Љубижда, Манастирица, Скоробиште (мешана населба со Македонци и Албанци), Горно Село и Мушниково (каде процесот на албанизација е речиси завршен). Наставата во овие села до 1999 се изведувала на српски јазик, а од 1999 година населението конвертира со барање за настава на децата на бошњачки и албански јазик од познати причини. Во три села од нив, населението целосно конвертира со барање за настава на своите деца на албански јазик, бидејќи целосно се опкружени со Албанци.

Само во Призрен има околу 10.000 Македонци од областа Гора и Призренска Жупа. Во Ораховец живеат околу 1.200 Македонци, во Исток живеат околу 1.000, во Пеќ околу 1.500-1.700, во Витомирица околу 2.500, во Приштина околу 1.600-1.800 а пред војната дури 3.500-4.000, во Косовска Митровица околу 1.750 Македонци, во Гнилање живеат околу 100, како и околу 120 Горани во Косовска Митровица.

Македонците на Косово се под агресија на Софија да ги преименува во Бугари, нудејќи им бугарски државјанства, културни клубови со бугарска и антимакедонска пропаганда.

Најголемиот број Македонци од Косово добија македонско државјанство, кое се уреди по дисолуцијата на поранешна СФР Југославија.

Македонците на Косово од областа Гора и Призренска Жупа се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ!

Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија ги одржуваат врските со Македонците од Гора и Призренска Жупа на Косово. Меѓутоа со ограничени ресурси, тешко се афирмира јазикот, културата и историјата на Македонците на Косово!

Македонската Влада мора да се грижи за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на Косово и на Македонците од Косово во Македонија!

Областа Гора и Призренска Жупа на Косово мора да добијат културна автономија, граничниот премин Стрезимир-Рестелица мора да добие статус на меѓународен премин со 24 часовно работно време, областа Гора од трите страни на границата мора да добие статус Евро-регион ГОРА, Македонците на Косово мора да добијат настава и службеност на Македонски јазик!

На Косово, Македонците се организирани во Македонско-Горанска заедница и партија. Во Македонија Македонците од Косово се организирани во Горанско друштво! Помошта на Македонците од Гора и Призренска Жупа мора да се зголемува и да продолжи!

Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија упатуваат искрена поддршка на Македонците на Косово и од Гора и Призренска Жупа на Косово во Македонија!