Жителите на маалото Челебија, едно од трите традиционални маала на Требиште, во областа Голо Брдо, наскоро ќе добијат подобра патна инфраструктура.
Општина Булќиза го додели договорот за уредување и асфалтирање на селскиот пат на компанијата „Радика“ ШПК.
Вредноста на инвестицијата изнесува над 28 милиони леки, а предвидениот рок за завршување на градежните работи е осум недели.
Со реализацијата на овој проект се очекува значително да се подобрат условите за движење, како и патната поврзаност на жителите со околните населени места.
Оваа инвестиција претставува важен чекор кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот на македонското население во областа Голо Брдо.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
