Македонците од Моравичкиот округ во Србија го прославија 10-годишниот јубилеј

Здружението на Македонците од Моравичкиот округ во Србија во саботата, на 30. ноември во Горњи Милановац го прославија својот десетгодишен јубилеј од основањето и активната работа на здружението. Македонската вечер ја отвори г. Славе Груевски, претседател на здружението кој упати благодарност до сите присутни за нивниот децениски придонес во активностите на здружението и негувањето на македонскиот јазик и култура. За музиката се погрижи „Класико бенд„ од Кавадарци, а една македонска вечер неможе да се замисли без македонски специјалитети и македонски вина. На прославата со свое присуство беше и делегација од Кавадарци, еден од збратимените градови со Горњи Милановац, а поддршка на здружението со свое присуство даде и македонскиот дипломат г.Александар Поповски од македонската амбасада од Белград.