
Македонскста рагби репрезентација во Австралија ги носи најубавите дресови со македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа! Вчера во “Викторија Парк” во Мелбурн, се одржа “Хармони Купот 2020” во рагби, на кој учестуваваше и тимот составен од Македонци кои настапуваат како Македонија!
Македонците се впечатливи особено по уникатните дресови со сонцето од Кутлеш. Македонската рагби репрезентација на купот забележа два порази против Италија и Ирска, како и еден триумф против тимот “Хармони”. Честитки за Македонската рагби репрезентација во Австралија!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden