Македонците во Голо Брдо блокирани од снегот

Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо. Во овие ридско-планиснки подрачја, дебелината на снежната покривка достигнува,на одделни места и над еден метар. Како резултат на обилните врнежи од снег, сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Сите села се отсечени од светот. Требиште, Клење, Стеблево, Мало Острени Врница, патот кон граничниот премин Требиште – Џешиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија се непроодни. Жителите апелират до надлежните органи да преземат мерки патиштата да бидат пробиени. Се посочува дека од посебна важност е патот до преминот, бидејќи,во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, истите ги транспортираат до Општата болница во Дебар, поради близината.