
Во островот Мал Град во Преспа, во Црквата на Света Богородица се служеше Богослужба, според традицијата негувана со векови, Македонците од оваа област го одбележаа денешниот голем празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица.
Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Преспа, од 14 век и е еден од највредните споменици на културното наследство.
Пештерската црква Света Богородица која со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кои се наоѓаат на неа.

Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година.
Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата сопруга Кали, син Амирал и ќерката Марија.
Третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата, е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од Византискиот палеолошки стил.
Празникот Успение на Пресвета Богородица, голем број македонски семејства во Албанија го одбележуваат како домашна слава.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden