Македонците во село Ербеле, Маќелара областа Поле го одбележаа Воскресението Христово – Велигден

Македонците во село Ербеле, Маќелара го одбележаа големиот Христиjански празник Воскресението Христово – Велигден кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век. На прославата за празникот присуствуваа Македонци од Ербеле. Црквата Св.Преображение во 1973 година од албанските власти ја прогласија за споменик на културата. Областа Полени е помеѓу Маќелара и Пешкупеја има три Македонски села Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле.

Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосвера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Како и секоја година и ова година за Велигден, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото воскресение.

Advertisement