Македонците во соседството се соочуваат со притисок и ограничување на правата (ВИДЕО)

Се уште немаат основни човекови права, не можат да го изучуваат македонски јазик и сторија. Тврдат дека живеат под притисок на власта. Претседателот на Здружението ОМО “Илинден”-Пирин Кирил Тилев вели дека дека над 30 пати имаат поднесено за регистрација на здружение, но бугарските власти упорно ги одбиваат, и покрај пресудите од судот во Стразбур.

Веќе над 35 години се спроведуваат демократски промени во Бугарија, но нема никакви промени кон Македонците. Ние сме репресирани, нема Македонци.Едем бугарски интелектуалец вака рече, многу не притискаат да признаеме македонски јазик и македонска нација, но, ако ние денеска ја признаеме македонската нација, утре Бугарија ќе започне да се распаѓа, вели Кирил Тилев претседател на Здружение ОМО “Илинден”-Пирин.

Историчарот, Никола Жежов забележа дека бугарската пропаганда ги надминува националните граници и последните години сведоци сме на притисоки и  се врши бугаризација на Македонците во Албанија преку издавање пасоши. Според него и состојбата со Македонците во Егејска Македонија, стана уште посериозна, по донесувањето на Преспанскиот договор.

На едно место денеска се собраа здруженија од Македонија и соседните земји, а Сојузот „Македон„ досега има поднесено 109 преставки до меѓународните судови и организации, најмногу  до Стразбур, но до сега по ниту една нема повратен одговор.

Во организација на Здружението „Мирка Гинова” денеска во Штип беше одржана триесеттата трaдиционална Семакедонска средба на Македонците од Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.

Македонците во соседството се соочуваат со притисок и ограничување на правата