Во масакрот кој ја потресе Црна Гора, но и регионот 34-годишниот В.Б. го убил целото семејство во Цетиње. Според неофицијални информации кои ги пренесуваат црногорските медиуми, 34-годишникот откако ги застрелал роднините излегол и пукал во случајни минувачи при што ранил неколкумина. Во масакрот неофицијално загинале најмалку единаесет лица меѓу кои и деца. 34-годишниот напаѓач е убиен, но засега не е потврдено дали е застрелан од полицијата или извршил самоубиство.