Матицата на иселеници од Македонија ја организира единствената Научна конференција по повод 120 години од Илинденското востание

Во организација на Матицата на иселениците од Македонија на 1 август 2023 година ќе се одржи Научна конференција во чест на 120 години од Илинденското востание. Покрај тоа, ќе се одржи и трибина на која ќе говорат Македонци од Бугарија за нивната голгота со бугарските власи поради личниот ангажман за македонската кауза во Бугарија. На 2 август 2023 година во организација на Матицата на иселеници од Македонија ќе се одржи традиционалната Семакедонска средба во Трново, Битолско.
Advertisement