
Автор: Никола Ѓурѓај
Трудот е првично публикуван во 17 број на „Journal of Science Science“ – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија, https://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj/article/view/6716/5393
Апстракт
Македонците во Албанија како дел од македонскиот народ својот национален и културен идентитет го негуваат и афирмираат на повеќе начини. Еден од нив е преку медиумите. Во Албанија, пред се, во местата кадешто живеат Македонци се издаваат повеќе медиуми на македонски јазик во печатена форма, но има и медиуми во електронска форма (локални радија и телевизии). Со демократизацијата на албанското општество и воведувањето на политичкиот плурализам во Албанија, беа регистрирани неколку НВО од страна на Македонците, кои, пред се имаа мисија за унапредување на правата на Македонците во таа држава, меѓу кои и во областа на информирањето.
Клучни зборови: медиуми, македонски јазик, Албанија, информирање.
Вовед
Медиумите имаат централна улога во создавањето, одржувањето и развивањето на националниот и културниот идентитет на еден народ. Медиумскиот плурализам има различни димензии, од кои една е обезбедување културен плурализам во медиумите. Оваа димензија е поврзана со правичното претставување и изразување (пасивен и активен пристап) на различните културни и општествени групи во медиумите, вклучувајќи ги и етничките, јазичните и националните малцинства. Културниот плурализам во медиумската сфера би бил загрозен доколку различните културни и јазични групи немаат пристап до медиумите или доколку недоволно се претставени во медиумските содржини. Ризично за културниот плурализам е и доколку во медиумскиот сектор нема доволно кадар од различните културни групи и ако не постојат доволно непрофитни медиуми наменети за малцинските групи.
Македонското население, кое после 1912 година, останало во пограничните делови на албанската држава било сконцентрирано во четири дела и тоа: Голо Брдо, Мала Преспа, Поле и Гора. Македонците во Република Албанија, по распаднат на комунизмот во Република Албанија во 1990 година почнаа да се организираат на разни политички и културни друштва, а нивната активност се прошири и на издавање на весници на својот мајчин македонски јазик. Употребата на македонскиот јазик како во електронските, така и во печатените медиуми во Република Албанија, низ текот на годините, бележи и успеси и падови, за што говори и фактот дека зависно од условите во општеството, се појавувија весници, радио-станици, телевизии и онлајн медиуми на македонски јазик. Секако пресудно за постоењето на електронските и печатените медиуми на македонски јазик во Република Албанија беше и се уште е нивното финансирање. Некои од нив изнаоѓаа различни начини за функционирање што им овозможува да опстоуваат на медиумскиот пазар. Некои од нив едвај преживуваат, додека некои целосно згаснаа поради финансиски проблеми и покрај големиот интерес на нивните основачи и соработници.
Положбата на Македонско национално малциства во Република Албанија

Постоењето на националните малцинства во Република Албанија претставува историска и актуелна реалност, која со воспоставувањето и примената на демократијата во земјата добила нова димензија на третманот на националните малцинствата. Сепак, значајно е да се спомне дека Република Албанија, на нејзината територија ги признава следните национални малциства како: македонско, грчко, српско, црногорско, влашко, ромско, босанско и египетско.
Македонците во Република Албанија ги има во пет области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Поле (Долни Дебар), Врбник, како и во најголемите градови како Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер, Патос.
Областа Голо Брдо, има 22 села и тоа: Студено, Стеблево, Требиште, Врница, Мало Острени (Малестрени), Големо Острени, Клење, Пасинки,Владимерица, Ѓинеец, Окштун, Којовци, Лешничани, Радоешта, Себиште, Смолник, Тучепи, Оржаново, Борово, Забзун, Заборѓе. И следните села надвор од Областа Голо Брдо се со мешано македонско и албанско население: Терново, Смолница, Миреши, Торбач и Вишишта.
Поле помеѓу Маќеларе и Пешкопеја има 3 села и тоа: Горно Крчиште, Долно Крчиште и Ербеле.
Село Врбник северно-источно од Корча до Билишта на албанско-грчката граница во правец на Костур.
Oбласта Мала Преспа има 9 села: Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско, Церје.
Областа Гора има 9 села: Шиштеец, Орешек, Цернелево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Пакишa, Очикле.
Во Тирана првите миграции на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Река, Струшко и Охридско датираат од времето на Првата светска војна 1914-1918 година. Меѓутоа, во текот на историјата имало уште неколку бранови на внатрешни преселби на Македонците од родните села кон поголемите градови на Албанија.Такви бранови бележиме во 1923, 1929, 1939 година, а најголемата миграција од етничките региони кон поголемите градови се случила во периодот 1949 до 1960 година.
Бројноста на Македонците во Албанија до денес не е официјализирана бидејќи на ниту еден досега одржан попис во Република Албанија не е признато од сите национални малциства, освен во Преспа.
Македонските организаци во Република Албанија
Малцинските права и здружувањето на малцинствата во свои национални организации се третираат и во Уставот на Република Албанија. Според чл. 46 од Уставот на Албанија „никој не може да биде спречен во правото за колективно организирање за која била законска цел.[1] Врз основа на овој член во 90-тите години на 20от век биле основани неколку македонски организации.
Демократска органзација за македонското народно единство во Албанија “Д.О.М.Н.Е.А„: Прв обид за основање на македонско здружение во Албанија е на почетокот од 1991., кога група Македонци од Елбасан, кои биле и членови на основачко собрание на “Д.О.М.Н.Е.А„[2] на 05.03.1991 година поднеле барање за регистрација во Министерството за правда на организацијата од Елбасан “Д.О.М.Н.Е.А„ (Демократска органзација за македонското Народно Единство во Албанија). Според нивните основачки документи, основни цели на организацијата биле отворање на училишта со настава на македонски јазик, основање на културно-уметнички и други друштва и здруженија. Министерството за правда го одбива барањето, поради не согласување на барањето со декретот Бр. 7442[3] на 17. 12. 1990 година. Одлуката е потпишана од министерот за правда Дашамир Коре. Демократска органзација за македонското народно единство во Албанија “Д.О.М.Н.Е.А„ за жал и друштвато згаснаа поради финанциски причини.
Органзација за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”: Следен обид за органзирање на Македонците во Албанија е направен од група Македонци од областа Мала Преспа. Како резултат на организирањето живење на македонското национално малцинство во август 1991 година ја создадоа, Организација за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”[4] со седиште во Пустец, Мала Преспа. Целта на оваа организација беше да се грижи за правата и положбата на македонското национално малцинство во сите сфери на живеење во Република Албанија, а за прв преседател Спасе Мазeнковски[5]. Моментално, Органзацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа” е раководена од Едмонд Темлко.
Културно-уметничкото друштво “Братство”: Македонците во областа Голо Брдо во 25 септември 1991 година го формираа културно – уметничкото друштво “Братство„[6] со седиште во градот Тирана со претседател Лигор Никола[7]. Во исто време се формира и друштво “Братска “ со седиште во Тирана и со претседател Скендер Халили. За жал и двете друштва згаснаа поради финанциски причини.
Етно-културното друштво “Гора”: Македонците во областа Гора во градот Кукс во 17.07.1992 година го формираа Етно-културното друштво “Гора“со седиште во Кукс со претседател Назиф Докле.[8]
Политичко културно друштво “Мир”: Политичко културно друшвото “Мир“ било продолжение од Друштвото “Братство“. Тоа било формирано во март 1993 година, со седиште во Тирана. Прв претседател бил Лигор Никола. Основи задачи на Друштвото биле заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континутет и наследство на Македонците во Република Албанија. Политичко културното друшво “Мир“ во 1992-1993 година го издаваше весникот “Мир” кој прекина да се печати од финансиски причини. Во долг низ на години претседател на “Мир“ е Кимет Фетаху.
Фондацијата “Никола Беровскии” и Фондацијата “Стерио Спасе“: Од 1995 година до 2000 година се формира фондацијата “Никола Беровскии”[9] чиј основач беше Лигор Никола. Илинден Спасе ја формира Фондацијата “Стерјо Спасе”[10].
Друштво МЕД“ (Македонско егејско друштво: Во мај 2000 година, Македонците од селото Врбник[11] го формираа друштвото “МЕД“ (Македонско егејско друштво), со претседател Јани Ѓамо со седиште во град Билишта. Задачи на Друштво “МЕД“ се заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континутет и наследство на Македонците во селото Врбник и Билишта.
Унија на Македонците во Република Албанија: Во 2002 година се формира Заедница на Македонците во Република Албанија со седиште во Тирана. Основи задачи на Заедницатао на Македонците во Република Албанија се: Заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континутет и наследство на Македонците во Република Албанија, и кординација на македонските друштва во Албанија. Прв преседател беше избран Цветан Мазнику[12].
Претседателот на Заедницата не се избираше на избори туку претседателот се менувал со ротација, лица раководители на македонските друштва. Дел од Заедницата на Македонците во Албанија се: Политичко културно друштво “Мир”, Органзација за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, Етно-културното друштво “Гора”, Друштво „МЕД“ (Македонско егејско друштво).
Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Група граѓани со македонско потекло кои живеат во Тирана, на 30 декември 2008 година во Тирана ја одржаа првата седница на основачите на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.[13] На таа седница беше одлучено да се изготват Статут и други акти на Друштвото, а по нивното финализирање Статутот се поднесе во Основниот суд во Тирана. На барањето за регистрирање на Друштвото беше позитивно одговорено и на 06. 02. 2009 година во Тирана се регистрира со решение од суд Бр.2473[14].
Македонско друштво ”Илинден” со седиште во Tирана избра претседател Никола Ѓурѓај, потпреседател Васил Стерјовски и секретар Микета Мечa. По завршувањето на првиот мандат на раководството на Друштвото се оджаа редовни избори.
На 09.02.2013 година се избра нова раковоство за 2013 -2016 година, а за престедател на друштвото беше избран Никола Ѓурѓај, потпреседател Незир Меча, секретал Ерлин Мазнику и генерален корнидатор Ерјона Танај. По оставка што ја поднесе генералниот кординатор Ерјона Танај на 01.11.2013, за генерален кординатор е означена Стојанка Палко.
Во документите на Друштвото, како негови основни задачи се утврдени заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континутет и наследство на Македонците во главниот град на Република Албанија, како и интеграција на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во градот Тирана и областа Голо Брдо.
Македонско друштвото “Илинден”-Тирана донесе одлука на 15. 10. 2012 година со која се формира огранок на Друштвото во областа Голо Брдо.
Неговото раководство го сочинуваа: претседател Ули Халилај, подпреседател Тоди Марку и секретар Флорид Уручи. Поради сопствени причини, беше поднесена оставка од потпретседателот и генералниот секретар, беа назначени нови лица за тие функции по препорака на Огрнокот и тоа за потпреседател беше именуван Алфед Садики, а за генерален секретар Агрон Фетаху.
На 04. 04. 2019 година беше избрано нова раковоство со мандатниот период 2019 – 2023 година за Претседател на Македонско друштво “Илинден“-Tирана е избран г-дин Никола Ѓурѓај, за потпретседател г-дин Незир Меча, за секретар г-ѓа Естела Карамешиноска.Македонско друштво “Илинден“-Tирана работи на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот и
дентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и во насока на целосна интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во Република Албанија.
На 04.04.2019 година се избра нова раковоство Македонско друштво „Илинден“-Огранок Голо Брдо е избран г-дин Или Халилај, за потпретседател г-дин Фатри Фетаху, во периодот од 2019 – 2023. Целта на огранкот е борбата за признавање на Македонците во областа Голо Брдо од страна на албанската држава, воведување на македонскиот јазик во училиштата во областа Голо Брдо, зачувување на македонски идентитет, култура, традиција, јазик, фолклор и обичаи.
Покрај своите активности во Република Албанија, Македонското друштво „Илинден“ Тирана е присутно и на меѓународнен план. Како ревносен борец за човековите права, Македонското друштво ”Илинден”-Тирана од 16.05.2015 година стана член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).[15]
Работата и ангажманите на Македонското друштво ”Илинден”-Тирана продолжуваат со несмален интензитет.
Печатни медиуми: регионални и национални
Со воспоставувањето на демократијата во Република Албанија, се создадоа услови за формирање на разни невладини здруженија и организации, како што се оние за заштита на човековите права. Како и многу други малцинства во нашата земја, организации како „Мир“ во Тирана за заштита на македонското малцинство, Здружението „Друштево Преспа“ во Пустец за заштита на правата на македонското малцинство во нашата земја со филијали во Тирана, Корча, Елбасан, Берат.
За нивно најдобро функционирање потребно беше да се имаат свои медиуми.
Така, во јули 1993 год. излезе првиот број на весникот “МИР”, како орган на политичкото друштво МИР. Во првиот број, редакцијата ќе запише: „Денес на пат тргнува весникот на Политичкото друштво “МИР”. Да му посакаме се најубаво на тој пат, во тоа толку тешко и толку прекрасно пространство за изразување на зборот.Чувствуваме дека овој весник е многу стара желба во вознемирената душа на македонското македоноговорно население и како таков, тој ќе го изразува тоа што било длабоко потиснувано во неговото битие. Затоа и весникот ќе го искаже својот збор за маките и вознемирувањата на интелегенцијата за разрешување на економските проблеми и на оние развојните, ќе ги отслика обичајте, законите, јазикот и специфичните карактеристики, на еден стар мирољубив етникум. Тој ќе се претвори во фактор на пријателство и добрососедство меѓу Албанија и Македонија“. Од него излегле одвај неколку броја, а како причина за неговото згаснување се наведувало немањето на финансии. Сепак, излегувањето на другите македонски весници во Република Албанија, го ставаат под прашање ваквото објаснување.[16]
Само неколку месеци подоцна, се појавил првиот број на весникот “Преспа” кој датирал уште од април 1994 година. Весникот почнал да излегува по иницијатива на Управниот комитет на “Друштво Преспа” кој гледајќи ги околностите и правата на Македонците во Албанија и споредувајќи ги со правата на Албанците во Македонија се одлучил да побараат од албанските власти да им се дозволи правото на медиум на македонски јазик. Весникот, своите почетоци ги одбележува како месечник, каде што секој Преспанец можел да ги искаже своите чувства, да ја искаже својата среќа и несреќа.
Во него се поставувале прашања кои со години ги мачеле нивните души и срца, и со гордост ја искажувале својата македонска идентичност и никогаш не се плашеле од ништо, кога зборуваа за својата култура и своите традиции. Но, по неколку излезени броеви како месечник, весникот почна да се соочува со проблеми кои не му овозможуваа да се издава редовно, секој месец. Така тој почна да излегува еднаш на неколку месеци, сè до неговиот петнаесетти број, кога и ќе престане да излегува, во ноември 1994 година. Со именувањето на господинот Ристо Никовски за нов амбасадор на Република Македонија во Република Албанија, во големиот облак кој го имаше покриено преспанското небо се појави само еден зрак од сонцето. Со негова помош се овозможи издавањето на шеснаесеттиот број на “Преспа”. Тој беше шеснаесеттиот зрак на сонцето од Кутлеш, кој го огреа преспанското поднебје.[17]
Весникот „Преспа“ има голема вредност за функционирањето на здружението за зачувување, збогатување и употреба на македонскиот мајчин јазик зачувано со векови со генерации. Значајно е што текстовите во овој весник се објавуваат на кирилица.
Редакцијата и весникот презеде важни задачи не само за зачувување на мајчиниот јазик, туку и за културно и образовно издигнување на важноста на македонската традиција сред македонските млади поколенија. Не помало влијание, текстовите во весникот „Преспа“ извршија и на економскиот живот сред македонското малцинство за справување со проблеми поврзани со земјоделството, сточарството, риболовот, за тековните и историските настани, проблемите со инфраструктурата и т.н. Весникот „Преспа“ влезе во секој дом и институција на малцинствата каде што живеат Македонци во Република Албанија. Тоа отиде во рацете на наставниците и учениците итн.
Уште посветен на заедницата и нејзиниот развој и напредок, главниот уредник, незаборавен писател, еден од основачите на весникот е Спасе Мазенковски, се одрази и се занимаваше со разни теми на квалитет, ги рефлектираше неговите литературни творби и многу други прозни писатели и писатели на поезија. Неговиот говор од новинар и уметник импресионираше генерации. Многу негови приказни се убави и вредни неговите песни за деца и млади се вредни и едукативни. Сега главен и одговорен уредник на весникот Преспа е Ефтим Митревски.
Во март-април 2011 год., како двоброј за март и април, беше отпечатен првиот број на весникот на Македонското друштво “Илинден” од Тирана. Имајќи го предвид фактот дека весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Македонија, веруваме дека истата реакција е предизвикана и сред македонското население во Република Албанија, како и сред македонската дијаспора ширум светот.
Македонски весник “Илинден”

Првиот број на македонскиот весник “Илинден”
Првиот двоброј на македонски весник “Илинден” излезе од печат во февруари 2011 година во Тирана, Република Албанија. Весникот “Илинден” е орган на Македонско друштво “Илинден”- Тирана и единствен весник на Македонците во Република Албанија, излегува како во печатена, така и во електронска верзија. Македонски весник “Илинден” продуцира и пренесува информации на македонски јазик, при што се објавуваат вести за спстојбите и животот на Македонците во Република Албанија, Македонија, во државите на Балкан, низ Европа и целиот свет.
Темите кои се обработуваат се различни и се однесуваат на политички вести, економски, културни, спортски вести, интервјуа, репортажи и т.н. Македонскиот весник “Илинден” се придржува кон стандардите за објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективно претставување на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност при создавањето на вестите.
Македонскиот весник “Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми со ISSN 2522-6282
Македонски весник “Илинден” е дел од два агрегатори на вести grid.mk и daily.mk
https://grid.mk/sources/vesnik-ilinden.com
https://daily.mk/izvor/ilinden
Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.
Македонскиот весник “Илинден“ има свој издавач и своја Редакција, во кои ентузијастички работат повеќе Македонци од Албанија.
Радија и телевизии
Програмата на македонски јазик на Радио Корча е во функција од 1991 година, како резултат на создавање услови по воспоставување демократска држава и барањата на социјално-политичката организација за заштита на правата на македонското малцинство во Албанија „Друштво Преспа“.
Во првите години се емитуваше на македонски јазик три пати неделно (понеделник, среда и петок) на 30 минути, од кои 5-7 минути беа претежно вести преведени од вести емитувани на албански јазик и обезбедени од Радио Корча и околу 20 минути се продуцираа македонски песни од Македонското Радио и Телевизија (МТВ).
Многу малку вести беа застапени за проблемите и животот на македонското национално малцинство во Република Албанија, затоа што немаше професионален новинар назначен за подготовка и презентација на истите. Во ова радио имаше само една личност, нему му беа исплаќани хонорари, а тој ги преведуваше вестите од албански јазик и ја емитуваше на македонски. По бројните барања од малцинските организации и жителите на малцинствата, беше решено да се емитува програмата пет пати неделно. Беше ветено од директорите на Радио Корча дека ќе го прошират времето на емитување и да емитуваат специјални програми за малцинството, но не успеаја (поради недостаток на средства). Оваа претстава продолжува да работи без подобрувања во квалитетот, тајмингот и програмирањето. Првите говорници беа Е. Шано, В. Коламче, В. Аро, J. Мале и Фото Никола. Иако е многу ограничена, оваа програма означи важен чекор кон почитување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Програмата (Шоуто) продолжува со иста количина вести и музика.
Од 2010 до 2016 година во Корча, локалната ТВ станица Кристал обезбеди музика на македонски јазик, како и емисии на македонски јазик на македонска продукција од Република Македонија во Република Албанија.
Во 2017 година на државната главна телевизија ТВШ започна програмата на македонски јазик. Се емитува на македонски јазик пет пати неделно (понеделник, вторник, среда, четврток и петок) од 30 минути, од кои 5 минути се обезбедени главно за вести преведени од албански јазик и се емитуваат околу 25 минути песни продукција Македонската државна телевизија (МТВ).

Електронски портали
Во 2023 година во Република Албанија функционираат само два електронски портали на македонски јазик: Македонски весник “Илинден” и Весник “Македониум“.
Македонски весник “Илинден”

Македонски весник “Илинден” има своја веб-страница, продуцира и пренесува информации на македонски јазик. Се објавуваат вести и информации наменети за Македонците во Република Албанија, во Република Македонија, Балканот, Европа и Светот од сите видови новинарски жанрови. Весникот “Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми со ISSN 2522-6282. Овој медиум е дел од два агрегатори на вести grid.mk и daily.mk
https://grid.mk/sources/vesnik-ilinden.com
https://daily.mk/izvor/ilinden
Весникот “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. Главен и офговорен уредник на Македонски весник “Илинден” и на веб-страница е Никола Ѓурѓај.
Портал “Македониум“

Во 2012 година, македонското здружение “Сонце“ го лансираше порталот Весник “Македониум“ на македонски, албански и англиски јазик главен и одговорен уредник на Весник “Македониум“ е Васил Стерјовски.
Заклучок
Националните малцинства се многу важен мост за соработка во мултинационалните општества. Во Република Албанија, во периодот на комунистичкиот режим, на националните малциства, иако биле официјално признати, сепак, им било забрането организирање во посебни здруженија на граѓани, фондации културно-уметнички друштва и било каков друг вид собирање за негување на националните традиции и сл. Освен тоа, била забранета секаква комуникација со матичните земји. По паѓањето на комунистичкиот режим во Република Албанија се отвора нова ера за националните малциства, особено по донесувањето на нови закони со европски стандарди.
Во моментов, Уставот на Република Албанија го санкционира принципот на еднаквост пред законот и недискриминација, слобода на изразување, без забрана или дури и принудување нивното етничко, културно, верско и јазично потекло, како и правото да ги зачува развиени традиции, јазик и обичаи. Уставот, исто така, го призна правото да учи и да се изучуваат на нивниот мајчин јазик и да се придружуваат во организации и здруженија за заштита на нивните интереси и идентитет. Членството на Албанија во повеќе меѓународни организации и организации за заштита на човековите права, како и ратификацијата или потпишувањето на значителен број меѓународни акти за афирмација и заштита на човековите права, особено во однос на малцинствата, ратификацијата без резерва на Рамковната конвенција “За заштита на националните малцинства” зборуваат за сериозен институционален пристап.
Медиумите на македонски јазик во Албанија се важен фактор за зајакнување на македонскиот национален идентитет во државата. Во Албанија има неколку електронски и печатени медиуми на македонски јазик. Излегува весник еднаш месечно, три портали и ТВ програми – програмата на државното ТВШ – Корча која дневно емитува 30 минутна програма на македонски. Овие медиуми се многу малку во однос на потребите на македонското национално малцинство во Република Албанија.
Меѓу проблемите со кои се соочуваат медиумите на македонското национално малцинство се финансиски проблеми, немање едуциран кадар, како и соодветна обука на вработените и др. Најчесто тие се потпираат на привремени донации и грантови. Финансиските тешкотии дополнително ја отежнува работата и на електронските медиуми кои имаат многу повеќе финансиски трошоци. Радио Преспа, единствено радио на македонски јазик кое одамна престана да емитува програма. Поради тоа, потребна е поддршка на овие медиуми во вид на финансиска помош, дополнителна обука и професионален кадар за понатамошен развој и зајакнување на овие медиуми на македонското национално малцинство во Република Албанија.
Владата на Република Албанија финансиски не ги помагаше со цел да опстанат, дедека тие со свој срества одвај функционираа.
Недостигот најмногу може да се забележи на локално ниво, по исчезнувањето на локалните јавни радија кои, традиционално, им се обраќаа на етничките зедници со програми за локалните настани емитувани на македонски јазик.
Вниманието на Советот на Европа и на другите меѓународни организации во последнава деценија сѐ повеќе се свртува кон медиумите на заедницата (community media), односно кон т.н. непрофитен медиумски сектор, кој е особено е значаен за општествената кохезија, граѓанството и вклучувањето на различните етнички групи и заедници во демократските општествени процеси.
Потребите за информирање, образование и забава на мајчиниот јазик на немнозинските заедници не е прашање кое може да се разгледува само од аспект на историскиот развој или од гледна точка на квантитетот, односно на бројот на медиуми
Користена литература
М-р Ѓурѓај Естела, Миграцијата на Македонското Население од Голо Брдо низ Албанија од 1985 до 2012 (магистерски труд одбранет во Институтот за национална историја во Скопје, Македонија)
Ѓурѓај Никола, Македонците во Република Албанија и Македонско друштво “Илинден”-Тирана – Тирана 2018 година
Проф. д-р Тодороска Катерина, Македонците во Албанија (1912-1991), Менора, Скопје 2012.
Никола Павли, Врница. Приредил д-р Јордан Поп-Атанасов. Превод од албански на македонски јазик Маноил Богдановски, Скопје 2012.
Makartsev Maxim & Max Wahlström. In search of the center and periphery: Linguistic attitudes, minorities, and landscapes in the Central Balkans, Helsinki, 2016
Хоџа Мехмет, Македонските Горани во Албанија, Скопје 2009.
– Komisioni Qëndëror i Zgjedhjeve – www.kqk.gov.al
– Македонско друштво “Илинден” – www.ilinden-tirana.com
– Македонски весник “Илинден” – www.vesnik-ilinden.com
– Весник “Македониум“ – www.makedonium.net
[1]Кushtetuta e Shqipërisë
[2] Основачи: Узеир Ариф Фетаху (бизнисмен) , Лами Рустем Терзиу (диспечер), Борис Вело Цфарку (инженер), Фатмир Даил Терзиу (учител), Зура Ќазим Османи (сметководител), Мухамет Фаик Шаинај (уметник сликар), Хајдар Исмаил Жобе (уметник сликар), Халил Хашим Османи (техничар), Јана Хашим Османи (студент), Халит Рифат Авдиа (столар), Хелми Најфи Пупулеку (технолог), Илирјана Ариф Терзиу (сметководител), Арсен Ќиро Цане (инженер), Рифат Далип Ајази ( мајстор), Луциана Њази Адеми (електричар).
[3] Republika Popullore Socialiste e Shqipërisë, Ministria e Drejtësisë, Drejtoria e Kodifikimit, Tiranë më 19.04.1991 nuk pranohet regjistrimi i shoqatës D.O.M.N.E.A me dekret Nr.7442 më 17.12.1990 firmosur nga Ministri i Drejtësisë Dashamir Kore.
[4] Организација за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа” со седиште во Пустец, Мала Преспа
[5] Спасе Мазенковски (1951-2018) писател, новинар, публицист и голем борец за правата на Македонците во Албанија. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, основач и Главен уредник на весникот “Преспа”основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.[6] Културно Уметничкото Друштво “Братство” друштво на Македонците од Голо Брдо со седиште во Тирана
[7] Проф. д-р Лигор Никола е роден во село Врница, областа Голо Брдо, е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик од Албанија. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.
[8] Назиф Докле роден е на 15 јануари 1945 година во с.Борје, областа на Гора. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература.
[9]Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој во 1945 година доаѓа во областа Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Никола Беровски долги години работел како учител во селата Мала Преспа, Корча и Тирана. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Република Албанија. Речник на Никола Беровски македонско- албански речник со над 10 илјади зборови.
[10]Стерјо Спасе (Село Глобочани, Мала Преспа 1914 – Тирана, 1989) писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици. Основно училиште завршил во родното село Глобочани, Мала Преспа. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работи како учител во Дервичан, село во округот на Ѓирокастро а подоцна предава во Москополе, Корча и Тирана. Пред Втората светска војна бил соработник на познатите списанија во Тирана и во Романија, како што се „АБЦ“, „АРС“, „Бота е Ре“ „Нов свет“ и др. Во овој период книжевната дејност на Стерјо Спасе е особено плодна. Тој интезивно твори и создава неколку значајни дела меѓу кои романите „Зошто“ – 1935, „Венера“ – 1944, збирките раскази „Младински венец” – 1934. “Во прегратките на една жена“ – 1934, „Невеста без превез“ 1944 и др. По ослободувањето, кога во Албанија попушта асимилаторската политика кон малцинствата, Стерјо Спасе околу 50 – тите години се сели во Тирана. Во еден период бил просветен инспектор, уредник на „Наша литература“„Ноември“, „Ново училиште“ и др. Во 1960 година, тој завршил висок курс за книжевност во Институтот за јазик и книжевност „Максим Горки“ во Русија. Својата наобразба ја довршил во Фиренца, Италија и во Русија.Стерјо Спасе умира во Тирана на 12 ноември 1989 година.
[11]Село Врбник, Костурско, денес во Албанија, општина Девол, област Корча. Село Врбник се наоѓа во планински предел на најисточната точка на Албанија, непосредно до границата со Грција. Селото се наоѓа во мала котлина на надморска височина од околу 1000 метри. Традиционални административни центри на село Врбник се градовите Костур и Корча. Во почетокот на 20 век Врбник е дел од Биглишката нахија на Корчанска каза, но во духовен однос е дел од Костурската епархија. Во крајот на 19 и почетокот на 20 век жителите на Врбник се вклучуваат во национално-ослободителните борби за Македонија, учествуваат во четите на ВМОРО.
[12]Цветан Зафир Мазнику (Клење, Голо Брдо, 1938 – Тирана, 2015) прв претседател на Македонската заедница во Албанија, еден најголемите поборници за правата на Македонците што живеат во Албанија и автор е на повеќе дела кои го опфаќаат богатото културно и духовно богатство на Македонците во Голо Брдо. Од 1990 година активно почнал да го собира народно творештво од областа на Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Драч а дипломирал на Факултетот за рударство во Санкт Петербург (Ленинград). Две децении работел во рудникот во Подградец а исто толку и во Институтот за истражување во Тирана. Како еден од основачите на македонското друштво „МИР” на почетокот на 90-те годнини на минатиот век и првиот претседател на Македонската заедница во Албанија дал голем придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на националниот идентитет. Заедно со други Македонци издале шест книги „Голобрдски фолклор“ кои се од огромен придонес за заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија. Автор е на една од двете првообјавени книги на македонски јазик во Албанија. Има објавено повеќе од 660 поговорки, а собрал околу 3.000 поговорки, клетви, благослови и други творби од областа на Голо Брдо. Од 1990 година активно собира народно творештво од овој крај. Починал на 8 јануари 2015 година во Тирана, Албанија.
[13] Основачи беа: Никола Ѓурѓај, Васил Стерјовски, Микета Меча, Савиола Лока и Естела Ѓурѓај.
[14]Në zbatim të nenit 13 të ligjit nr 8788, datë 07.05.2001 “Për organizatat jofitimprurëse” dhe ligjit nr. 889, datë 07.05.2001 “Për regjistrimin e organizatave jofitimprurëse” në Republikën e Shqipërisë. Gjykata e Shkallës së Parë Tiranë më 06.02.2009 vendosi regjistrimin e Shoqatës maqedonase “Ilinden”-Tiranë me nr.2473 vendimi.
[15] Федералната унија на европски националности (ФУЕН) е најголемата чадорна организација на автохтоните, национални малцинства во Европа, со повеќе од 107 организации членки од 35 различни европски земји. ФУЕН е основана во 1949 година – во истата година како и Советот на Европа.
[16]Македонски весник “МИР”, Viti I-rё i Botimit Nr.1, korrik 93, 1.
[17] М- р Естела Ѓурѓај, Миграцијата на Македонското Население од Голо Брдо низ Албанија од 1985 до 2012 (магистерски труд одбранет во Институтот за национална историја во Скопје, Република Македонија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden