Меѓународен ден за заштита на детето

Денес е Меѓународниот ден за заштита на децата. Одлуката за прогласување на овој ден, како посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрувањето на можностите за најмладите.

На овој ден 1 – ви јуни Денот на детето први почнале да го одбележуваат државите како Русија, Ерменија, Украина , Казахстан, Латвија, Естонија , Србија, Црна Гора , Чешка , Македонија и многу други.

Генералното собрание на ОН препорачува дека сите земји треба да воспостават Универзален ден на детето. Оттаму укажуваат најголемо внимание да се посветува во заштитата на децата кои работат долги часови во опасни околности, како и да им се овозможи на сите деца да имаат пристап до образованието.

Правата на децата во Македонија се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации и законска регулатива во Република Македонија.