Mеѓународен конкурс за најдобри детски поетески и ликовни творби на тема „Детските раце творат за Македонија“

Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ Штип објавува Mеѓународен конкурс за најдобри детски поетески и ликовни творби на тема „Детските раце творат за Македонија“. Право на учество имаат деца од 10 до 15 години кои што живеат во Македонија и надвор од неа, насекаде низ светот. Селекцијата на ликовните творби ќе ја направи тричлено жири, а сите пристигнати литературни и ликовни творби ќе бидат објавени во печатена збирка за промоција на детските дела за Македонија.
Повеќе информации за конкурсот можете да прочитате во прилог:

Advertisement