Меѓународна истражувачка група ипонуди подршка на Македонија (ВИДЕО)

Етничка Политика, истражувачка платформа која нуди теоретски и политички релевантни истражувања за етнички прашања низ целиот свет, им понуди поддршка на Македонците за да се претстави принудното преименување на земјата пред светот. Во изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, основачот на Етничка Политика Ахмед ал-Саиди рече:

“Како што на Македонците им беше наметнувано менувањето на името, така растеа негативните чувства кај меѓународните набљудувачи кои ги следеа вестите од Македонија. Ние во Етничка Политика решивме да им понудиме платформа на Македонците да дискутираат за нивниот идентитет, етнички политики и за тоа колку нивното изворно име им значи на нив”.

Етничка Политика објави подкаст емисија насловена “Македонија – нација принудена да си го смени името” во кое ја интервјуира професорката Биљана Ванковска од Универзитетот Св.Кирил и Методиј од Скопје, Македонија.

“Јас нудам левичарска перспектива и критика на европските политики со кои се притискаат државите на периферијата на ЕУ. Особено, за бизарната приказна за спротиставените национални притисоци врз Македонија, кои траат веќе 150 години, како и неоколонијалното владеење на Европската Унија. Централно прашање тука е таканаречениот ‘Преспански Договор’ со кој наводно ‘се реши’ древното македонско прашање, но кој во реалноста служи да се лишат Македонците од нивното право на само-определување, нивното име, идентитет и историја”, вели Ванковска.

ММДЧП им се заблагодарува на Етничка Политика за нивната извонредна поддршка и ги повикува сите страни заинтересирани за заштита на човековите права исто така да објават изјави и да ја покажат својата поддршка за Македонија и Македонците.

Advertisement