
Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, покажуваат денеска објавените податоци од Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ).
По 129-те смртни случаи регистрирани во 2023 година, „2024 е една од најлошите години“, рече генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже.
Како што пренесува МИА, според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници.
Од почетокот на војната, на 7 октомври 2023 година, бројот на убиени палестински новинари е најмалку 138, што ја прави оваа територија „една од најопасните во историјата на модерното новинарство, по Ирак, Филипини и Мексико“, според на ИФЈ со седиште во Брисел.
По Блискиот Исток, втора најопасна област за новинарите е азиско-пацифичкиот регион, со 20 смртни случаи, вклучувајќи шест напади во Пакистан, пет во Бангладеш и три во Индија.
Во Европа, Украина е се уште опасна земја за новинарите, каде четворица од нив загинаа во 2024 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden