
Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, да се стави крај на напади врз новинари.
Главен повод за кампањата која одамна е планирана е случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги кој на 2 октомври беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул. Идната конвенција треба да обедини постоечки, но и расфрлани меѓународни документи и да ги дополни, изјави Беланжер.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden