Меѓународно движење за човекови права од Канада со акција пријави анти-македонска омраза

Дали сте биле изложени на анти-македонска омраза? За жал, одговорот е да. Сите Македонци биле изложени на омраза. Но, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права е тука да реагира. Пријавете ни вакви случаи веднаш.

Намерното ширење омраза е незаконско дело за кое може кривично да се одговара. Кога омразата е насочена кон други етнички групи, јавноста со право ја осудува и таа кривично се процесуира. Ние Македонците бараме еднаквост.

Ниту една заедница не треба да биде жртва на омраза. Македонците многу добро знаат како е да си нападнат само поради тоа што си Македонец, при што јавното идентификување како Македонец предизвикува гнев кај нашите непријатели. Нивните реакции вклучуваат: говор на омраза; физичко насилство; негирање на нашето право за самоопределување; јавно поттикнување омраза; агресивна пропаганда со која се негира нашето етничко потекло; кампањи чија цел е да се негира нашето право на нашето сопствено име; поттикнување и обиди да се придобијат други, вклучително и медиумите, образовниот систем и избрани политичари, да го негираат постоењето на Македонците; кампањи за промовирање на културолошката злоупотреба на изразот Македонец.

За жал, Македонците честопати се изложени на омраза и на негирање на нашиот етнички идентитет не само од нашите угнетувачи туку и од тие што би требало да ги бранат нашите права – од новинарите, политичарите и другите јавни службеници.

Придружете се на ММДЧП во нашите повици за еднаквост и за одбрана на човековите права на Македонците. Пријавете случаи на говор на омраза веднаш. Дополнителни информации: ММДЧП поднесе пријава за злосторство од омраза до полицијата во Торонто

Advertisement