
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да биде кандидат за сојузен претседател во 2027 година, објавуваат германските портали.
„Раководството на ЦДУ трепери: жешка гласина за нова висока позиција за Меркел“, „Дали ќе стане претседател на државата? ЦДУ трепери поради гласините за Меркел од Зелениот камп“. Ова се насловите на утринските германски портали Bild.de и Focus.de кои одекнаа во германската јавност како бомба.
Пензионираната Ангела Меркел повторно е во центарот на политичките шпекулации во Германија, откако беше објавено дека поранешната канцеларка би можела да биде кандидат за сојузен претседател во 2027 година. Иако нема официјална потврда од владејачката Демохристијанска унија (ЦДУ) или други партии, самиот факт што нејзиното име повторно се појавува на оваа улога предизвика бура од реакции на политичката сцена.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden