
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп дека САД ќе се повлечат од климатскиот договор во Париз, не може и нема да ги запре сите оние што чувствуваат обврска да ја заштититат планетата. Меркел се појави пред камерите и изјави дека објавата на Трамп во врска со одлуката е навистина за жалење и додаде: „Потребно е да погледнеме напред по синоќешната објава на американската администрација“. На крајот од изјавата таа додаде дека договорот од Париз треба да се одржи, и дека никој и ништо нема и не ќе може да ги спречи во тоа.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden